Без свест лежел во зачадена просторија- маж пренесен во гевгелиската болница

0
76

Во текот на вчерашниот ден во полициска станица во Гевгелија е јавено дека постар маж е пронајден онесвестен во зачадена просторија, но без изгореници.

„Вчера околу 12.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во зачадена просторија во куќа на ул.„Солунска“ во с.Селемлија, гевгелиско, бил пронајден Б.Л.(83), во бесвесна состојба, без изгореници“ се вели во соопштение од полицијата.

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување лекарска помош.

Според пријавеното од неговото семејство, тој боледувал од склероза и бил делумно подвижен. Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.