Бектеши: Буџетот за наредната година е во насока на развивање на Планот за економски раст

0
99

Тоа го порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши кој беше во посета на „Федер Бау”, компанија од Тетово за производство на душеци, потписник на Договор за државна помош од Планот за економски раст.

-Ќе инвеститираме во човечкиот капитал за да ги мотивираме работниците да бидеат попродуктивни и поконкуренти. Предвидено е со новиот буџет микро, мали и средни компани да креираат нови работни места кои ќе генеираат подобра економија, подобри палти и пензии, изјави Бектеши.

Нашата цел, додаде, се остварува со развивање на Планот за економски раст со новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите каде домашните компании ги изедначуваме со странските.

-Имаме добар пример денеска. Компаниите растат и инвестираат во нова опрема со цел да бидат конкурентни не само во државата, туку и во регионот, а зошто да не и во глобални рамки. Ова е најдобар пример дека нашите домашни компании инвестираат и го зголемуваат извозот и вработуваат луѓе, рече Бектеши.