Бесплатни вакцини ни за лек во Скопје, термините пополнети до 7 декември

0
67

Кои мака мачат со огромниот интерес на пензионерите и хроничните болни што сакаат да се имунизираат со бесплатните вакцини, кои ги набави Министерството за здравство. Неофицијално, сите термини до седми декември се веќе пополнети, на ниво на Скопје останале уште само стотина вакцини, а за оние кои подоцна дознале за вакцинацијата матичните лекари не можат да издадат упат и ги враќаат назад.

Од Министерството пак смируваат – вакцини има. Додаваат дека до вчера за бесплатна вакцинација се пријавиле 20.069 граѓани и нагласија дека наскоро треба да пристигнат нови дози, по што ќе има и нови термини.

„Во понеделник следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација и ќе се пуштат сите останати термини. Здравствените установи се добро организирани и има одзив од граѓаните за вакцинација. Во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат. Дополнително, треба да пристигнат и 14,400 дози од вакцините.“ – Министерство за здравство.