Богдановиќ: Изградбата на катна гаража кај паркингот на „Автомакедонија” ќе ги задуши граѓаните

0
86

Ова земјиште е продадено на јавна лицитација во 2012 година од тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски со намена изградба на катна гаража во висина од 29 метри, на претходно донесен ДУП во 2011-та година, а потоа менуван или усогласуван заради потребите на самите инвеститори и нормално за усогласување на сите овие градби кои се никнати во септември 2019-та година, изјави Богдановиќ.

Тој потсети дека досега неколку пати имало обиди да се почне со изградба на овој објект, но реагирале и повеле судски спор поради нарушено владение. Потоа самиот инвеститор Никофон, како што рече, има покренато постапка за да го добие владението и судот му пресудува дека може да се воведе во владение.

– Општина Центар во изминатиот период пробуваше да разговара со инвеститорот, бидејќи сметаме дека ако дојде до реализација, покрај сите овие објекти кои беа изградени во „Скопје 2014″, ќе се уништи ова последно слободно место кое дополнително ќе ги загуши граѓаните кои живеат овде. Го разбираме револтот на граѓаните, бидејќи сите овие објекти околу паркингот ќе бидат целосно затворени, рече Богдановиќ.