БУЏЕТОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕ: ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА КЛАСИЧЕН ПОТКУП, СДСМ ПОВИКУВА ДА СЕ ИЗГЛАСА

0
73

Буџетот за следната година е најрасипнички и најкоруптивен и претставува класичен потпкуп на граѓаните пред избори, обвини ВМРО-ДПМНЕ на правиот ден од расправата за буџетот на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Расправата почна со излагањето на министерката Ангеловска која рече дека со буџетот за следната година се инвестира во човечкиот капитал, зашто владата сака најдобрите лекари и наставници да ги задржи во земјата.

Претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска, рече дека буџетот не е приватно претпријатие па да се делат парите како се сака. Главната карактеристика на буџетот, според неа , е социјалната, зашто сите инвестиции и проекти се прават со заеми, а не со пари од народот.