Вакцинацијата против морбили задолжителна – конечно!

0
141
Бројот на вакцинации во Германија е опаднат бидејќи во општеството се етаблираа одбивниот став кон технологијата и еко-идеологијата. Добро е што сега државата ќе ги штити децата од нивните родители, смета Фабијан Шмит.

Скандалозно е што и во високо развиена индустриска држава како Германија во изминативе години во одредени региони избувнуваа епидемии на сипаници. Тоа не мора да биде така, бидејќи класичните вакцини против морбили, заушки и рубеола одамна си функционираат, па сипаниците всушност можеле да бидат и искоренети, а Германија да биде меѓу првите во борбата против сипаници во светот. Но, актуелната статистика на Светската здравствена организација покажува дека процентот на вакцинирано население се намалува: од 97% во 2013 на актуелно – само 92%. Според експертите, неопходно е 95% од населението да е вакцинирано за да може да се зборува за негова целосна заштита.