Вардар се загуби во Киелце, првакот го чека тешка борба во ЛШ

0
71

Црвено-црните“ во Полска допатуваа со доста проблеми, посебно во бековската позиција, каде го немаа Даинис Кристопанс, а Кристијан Дисингер беше лимитиран поради повреда. Киелце не си дозволи да киксне како на претходниот меч во Скопје, добро ја имаше анализирано играта на Вардар и прокнижи нови бодови пред својата публика.

Уште од стартот на натпреварот Киелце отвори со предност и ниту еднаш не ја предаде. Домаќинот водеше со 6-3, па со 8-5, благодарение на голманот Волф, кој двапати го прочита Дисингер и ја сочува својата мрежа. Вардар се обидуваше да намали со „седум на шест“ игра, но немаше доволна брзина во составот. Кога и да дадеше гол, Киелце возвраќаше на празна мрежа.