Вербална војна СДСМ и ВМРО ДПМНЕ по средбата Мицкоски – Борисов

0
82

Разговорот на лидерот на опозицијата со бугарскиот премиер ги скара двете најголеми партии во земјава. СДСМ смета дека ниедно оправдување не го покрива лицемерството на Мицковски кој на средбата со Борисов без дилеми го призна договорот за добрососедски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека се обидува  неуспесите во досегашното владеење да ги покрие со лажни вести подметнувајќи му на Мицковски зборови кои никогаш не ги кажал.