Ветингот тешко дека ќе ги сопре семејните кланови во правосудството

0
73

Најавениот ветинг во правосудството отвори уште едно прашање со кое одамна никој не се занимава. Народната „Ако татко ти е владика тогаш ти ќе бидеш поп“ се повеќе важи и за судскиот систем.

Семејните кланови сочинети од адвокати судии обвинители често може да се сретнат по судовите. Не ретко на судењата се случува да се изземат судии, адвокати или обвинители оти се во меѓусебна роднинска врска. Според министерката за правда Рената Десковска овој проблем тешко ке се реши оти е противуставно некому да му се забрани да ја работи професијата која ја сака.

  • Не е битно дали има роднински врски туку дали има незаконско влијание, маневски обид да се направи забрана роднини да им имаат адвокатски канцеларии, невозможно е мала земја сме не може да им забраните професија на одредени лица и тоа е лесно, секој може  да најде некоја одлука врз осноива на закон или влијанија, некогаш влијанјата доагаат не од роднини и посилни, вели Рената Дескоска – Министер за правда.