(Видео) Вонредна состојба во Венеција

0
85

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне, на долг рок, исчезнување на еден од најубавите градови во светот.

Непосредно пред полноќ, нивото на морето запрело на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метри, што не било видено 53 години.

Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот во таква состојба, неговото уметничко наследство е во ризик, а комерцијалните активности се на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во градот.

Владата ќе се состане во Рим денеска попладне за да прогласи вонредна состојба во Венеција, постапка што ѝ дава на владата посебни овластувања и ресурси да дејствува што е можно поскоро.

Порастот на нивото на морето во комбинација со силните ветрови и дождови вчера го поплавија скоро целиот град. Според изјавата на гувернерот на регионот, Лука Заја, поплавени се 80 проценти од градот.