(ВИДЕО) Се запали автомобил, привремено прекинат сообраќајот Скопје – Куманово

0
87

Aвтомобил марка БМВ се запали на автопатот Скопје – Куманово, кај местото викано Агино село. Повеќе од половина час сообраќајот беше блокиран и во прекин. За среќа, во пожарот нема повредени лица.

Засега не се познати причините за опожарувањето на возилото. Сообраќајот од Скопје кон Куманово е повторно пуштен пред малку, околу 17:00 часот.