Ја убил девојката, пукал во полицијата и се самоубил

0
75

Неџад Чаушевиќ, кој ја уби својата девојка Санела Трстен во населбата Неџарици, се самоуби за време на полициската потера на планината Бјелашница кај Сараево, дознава „Аваз“.

Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

 

Тој се самоуби откако претходно отвори оган врз полицајците. Според „Аваз“, откако бил опкружен и видел дека не може да избега, тој се самоубил, најверојатно од автоматска пушка.