Вие поткрепите ли Договорот со Бугарија“, го праша Борисов Мицкоски и побара јасно и гласно да го каже тоа(видео)

0
82

На самитот на Европските народни партии во Загреб се оствари средба меѓу бугарскиот премиер Бојко Борисов и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која Борисов го ,,испраша“ опозицискиот лидер во Македонија за неговите политички ставови.

Но, пред тоа го ,,прегледа“ дали добро се избричил…

,,Дали се за европската перспектива на Северна Македонија’-праша Борисов, на што доби одговор од Мицкоски дека сите што се делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, тој, Муцунски, Ѓорчев и Николовски, или се школувале во земјите од ЕУ или во Америка или пак се женети за Американка и нема дилема дека се прозападно ориентирани.