Владата очекува раст на платите од 25 отсто на вработените во приватниот сектор со субвенции на придонесите

0
78

Стартува субвенционирањето на придонесите.  На 25 отсто од вкупниот број на вработени во приватниот секор , од министертвото за труд  очекуваат   да им се зголемат платите. Мерката можат да ја користат сите работодавачи кои ќе ги покачат примањата  на работниците  до 6.000 денари.

Субвенциите ќе важат и за оние газди кој ги зголемиле  октомвриските плати , а кои се веќе исплатени.  Тие ќе  треба да достават  исправка до управата за јавни приходи, а повратот ќе го добијат  следниот месец. Аплицирањето за субвенциите  се прави преку образец кој е веќе достапен во  УЈП.