ВО ВТОРНИК ПЕНДАРОВСКИ НА ТЕТ-А-ТЕТ СРЕДБА СО МАКРОН

0
141

Пендаровски ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, потврдуваат за ТВ 24 извори од Вила Водно.

Состанокот, според информациите, ќе се одржи тет-а-тет, а ќе биде на маргините на Парискиот мировен форум. Темата ќе биде македонските евроинтеграции и француското вето што Македонија го доби на европскиот Совет во Брисел.