Во сабота нова средба на Заев, Вучиќ и Рама за „Мал Шенген“ овој пат во Охрид

0
97

САД ќе се обидат да ја разубедат Европската унија до самитот во мај да го променат ставот за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија. Ваква порака денеска од Србија испрати  заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан. Палмер го повтори ставот дека исходот од самитот на Европскиот совет е историска грешка.

САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб, изјави Палмер на денешната зедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Српскиот претседател Вучиќ пак испрати директна покана до својот американски колега Трамп да ја посети Србија и целиот регион. Европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе биде во фокусот и на самитот „мал Шенген“ кој во сабота ќе се одржи во Охрид. Деталите денеска телефонски ги договориле Заев, Вучиќ и Рама.