Во структурата на земјоделските задруги само седум отсто млади и 16 проценти жени

0
84

Вкупно 891.357 евра неповратна поддршка од ЕУ ќе добијат 17 земјоделски задруги од земјава, девет веќе формирани и уште осум новоосновани. Нивни претставници денеска ги подигнаа договорите, а средствата, како што истакнаа, ќе ги искористат за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи.

Земјоделците се поконкурентни на пазарот ако настапат здружени, наместо индивидуално. Преку задругите можат поефикасно да го организираат производството, порационално да ги користат ресурсите, да бидат помоќни во преговорите со откупувачите, рече министерот за земјоделство, Трајан Димковски по доделувањето на договорите за ЕУ грантовите.