Во Тетово „врие“ од кучиња скитници

0
99

Бројот на кучиња скитници во последно време е зголемен поради раскинувањето на договорот на општина Тетово и компанијата за згрижување на кучиња-скитници. Директорот на Центарот вели дека за проектот да успее мора да се спроведува без прекини, а парите кои м ги поделила општината не биле доволни.

„Имаше задоцнување четири месеци, беше распишан тендер и го добивме, но чекаме да го потпишеме договорот. Кога почнува една работа, треба да се оди до крај без прекин бидејќи кога има прекини доаѓаат вакви работи и се зголемува бројот на кучиња“, рече Рами Селмани- „Догс енд Кетс“.