Вработените од СЈО планираат да тужат

0
78

Наизглед се` е во ред, но реално ништо не е во ред. Секој нов ден во згаснатото СЈО е приказна за себе. Навидум фреквенцијата е иста како во „старите денови”, но ентузијазмот на лицата на вработените е заменет со грижи и неспокојство. Доаѓаат редовно на работа, ги извршуваат нивните обврски, но стравуваат дека тој процес наскоро може да запре ако во институцијата биде исклучена електричната енергија. Два месеци се без плата и здравствено осигурување, а за исто толкав период стојат неплатени и сметките за струја, вода, греење… На сметката имаат финансии, но нема овластен потписник кој ќе го одобри нивното користење.