Вработен во МВР си зел рачна шок-бомба и над 60 куршуми и ги чувал во викендичка

0
93

Против две лица од Скопје и Неготино, од кои едниот вработен во МВР, поднесена е кривична пријава.

Полицијата јави дека при извршен претрес во викенд-куќа, во сопственост на второпријавениот, полициските службеници пронашле рачна шок-бомба и 62 маневарски куршума во калибар 7,62×39 мм за кои тој изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот.

По преземените мерки, било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.