Вучиќ: Новинарското прашање не ми го загрози здравјето

0
101

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли шпекулациите дека прашањето од новинарот на телевизијата Н1 во петокот му предизвикакало да се влоши неговата здравствена состојба. Станува збор за негова хронична болест и нередовно земање на терапија за срце и висок крвен притисок.

  • Ќе бидам сосема отворен. Никава врска нема човекот од вашата телевизија со мојата задравствена состојба. Ниту имал, ниту ќе има, кој било од вас. Јас сум хронично болен, а други се акутните проблеми кои ги имав. Тоа секогаш се случува, како што рекоа докторите, тоа е како „perfect storm“, или совршена бура. И денеска сум болен и под терапија, изјави Вучиќ на прес конференција.