Дадилка ги малтретирала близнаците кои ги чувала – скопјанка го пријави случајот во полиција

0
77

Две деца близнаци од Скопје биле малтретирани од својата дадилка, а случајот во полиција го пријавила нивната мајка.

„Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Центар 33-годишната Н.С. од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул. „Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од 55-годишната А.К., која била ангажирана како нивна дадилка. А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.