Дали поради бизнисот Анѓушев навистина заминува од Владата на Заев

0
80

Кочо Анѓушев ќе ја напушти вицепремиерската функција. Дали по изборите или порано не е извесно, но извесно е дека тој сака тоа да го направи порано.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања му се враќа на бизнисот а причината за тоа како што наведува е падот во добвиката на неговите компании.

Дали сепак сите фирми на Анѓушев бележат пад во добивката?

Повикувајќи се на податоци на Централниот регистар рефлекторот пак убедува дека не е се така црно откако вицепремиерот е на функција.

Тие убедуваат дека профитите на фирмите на Вицепремиерот Анѓушев енормно се зголемени откако е на власт.