ДЕМОКРАТСКО ЦУНАМИ ВО ХОНГ КОНГ

0
85

Продемократските кандидати освоија околу 45 проценти од местата на локалните избори во Хонг Конг. Според се уште не официјалните резултати, опозициските кандидати освоиле 201 од 452 места во 18 окружни совети.

Најголемата прокинеска партија пак доживеа тежок пораз откако 155 од нејзините 182 кандидати загубија. Меѓу победниците на изборите се поранешни студентски лидери како и еден од организаторите на протестите кој во октомври беше претепан.

„Не сме задоволни од тоа како владата се справва со демонстрантите. Во изминативе пет месеци, полицијата е многу брутална. Мислам дека жителите на хонг конг треба да ги искористат резултатите ио да побараат поголема демократија.“ – вели Кевин Лам.