Демонстрантите во Ирак запалија гуми околу полицајците (ВИДЕО)

0
83

Демонстрантите бараат сеопфатна реформа и покрај ветувањето на премиерот Адел Абдул Махди дека ќе си поднесе оставка.

Абдул Махди најави дека ќе си поднесе оставка до парламентот за да му овозможи да избере нова влада, како резултат на неколкунеделните антивладини протести.

Безбедносните сили користеле вистинска муниција, солзавец и шок бомби и за скоро два месеци убиле повеќе од 400 луѓе.

Одлуката за оставката на Абдул Махди беше одговор на вчерашниот повик на водечкиот муслимански свештеник во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани, за промена на власта.