Денеска беше одбележана неделата на грижа за страри лица во Крива Паланка

0
87

Во просториите на клубот на стари лица „Достоинствен живот“ во општинската организација на Црвен крст Крива Паланка денеска беше одбележана неделата на грижа за страри лица.

-Под мотото „Сите сме нивни деца“ неделава организиравме повеќе активности за одбележување на неделата на грижа за старите лица, кои покрај младинците, волонтери, се наша таргет група во текот на целата година. Секој вторник, една деценија по ред, клубот на стари лица при нашата организација ги вдомува и активира, вклучувајќи ги активно во секојдневието лицата од трето доба, а тие, околу педесет активни членки, постојано се инволвирани во тековните активности и случувања, и во рамки на Црвен крст, преку годишнито план активности, но и во општинските и регионални збиднувања. Денес само симболично им оддадовме почит, а внимание им посвети и градоначалникот, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, присуствуваше на свеченоста за старосни и пензионери-инвалиди на трудот, кои ја прославија неделата на стари лица заедно со клубот од Црвен крст.