Дескоска: Мора да се најде начин да профункционира отчетноста и одговорноста во судството

0
79

Мора да се бараат начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема, отколку да го заразува здравото ткиво. Ветингот не е лесен процес и тој треба да се изврши транспарентно и професионално, изјави министерката правда Рената Дескоска во однос на ветингот на судиите во вечерашната емисијата „Само интервју“ на тв Канал 5.

– Ако не се променат самите, ако не профункциираат органите, како Судскиот совет, Советот на судии и јавни обвинители, мора да бараме начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Ние им ги дадовме сите механизми што ги има во ЕУ за да ги спроведуваат. Ако не реагираат, тогаш ќе мора да одиме со вонредни мерки, вели Дескоска.