Дрисла има почист воздух од Аеродром и не загадува, тврди директорот на депонијата

0
73

Инструментите на мерните станици во повеќе градови не работат, студентските домови  и оваа грејна сезона се греат на мазут, многу мерки на хартија но не и во пракса – беа дел од ставовите на еко активистите на дебатата за аерозагадувањето , каде што на иста маса дебатираа со функционеритее во чија надлежност е борбата против загадениот воздух.

Во своја одбрана директорот на Дрисла , Горан Ангелов тврдеше дека депонијата Дрисла не е загадувач  на животната средина, а и дека во околината на скопската депонија има почист воздух отколку во населбата Аеродром каде живее директорот.

Министерот за животна средина во своето шестминутно обраќање уште еднаш повтори дека за прв пат на една владејачка гарнитура приоритет е да го  намали загадувањето на воздухот. Не изостави и да ги спомене и субвенциите за инверторите, но и дека граѓаните сега плаќаат помали сметки за струја па тоа би го намалило загадувањето предизвикано од греење со н едозвовливи материи во домовите.

Тезата на која присутните дискутираа е „Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справувањето со загадувањето“.

На дебатата, ќе учествува заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на депонијата „Дрисла“ Горан Ангелов, Невена Георгиевска од О2 Иницијатива, Стојан Велков од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ и Аријанид Џафери од Движење „Еко герила“.

Дебатата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“

Извор Телма