Ербас до 2035 ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод

0
90

Тој истакна дека развојот на потребната технологија сè уште е во повој и дека е можно да се работи за хибриден електричен авион или горивото ќе биде водородно или некое климатски-неутрално гориво.

„Патот е многу комплициран“, рече Фаури вчера во Хамбург.

Воздушниот транспорт е одговорен за 2,5 проценти од глобалната емисија на јаглерод диоксид.

„Ербас“ е свесен за својата одговорност и досега можеше значително да ја намали потрошувачката на гориво по патник користејќи полесни авиони со помоќни мотори, рече Фаури, заклучувајќи:

„Зелените летови се наш главен приоритет“.