Ердоган на средба со Трамп во Вашингтон

0
84

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Белата куќа ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој пред заминувањето за Вашингтон изјави дека на Трамп ќе му каже дека Соединетите држави не го исполниле својот договор за отстранување на сириската курдска милиција од регион по должината на сириско – турската граница. „Не може да се каже дека терористите се повлекоа од појасот во северо-источна Сирија“, рече Ердоган.