Забрчанец до Котески: Денес ние го чистиме воздухот кој што вие го загадивте!

0
83

На синоќешната дебата на #ClickPlus, Марјан Забрчанец и Иво Котески меѓусебно се обвинуваа за загадениот воздух.

-Факт е дека вие не направивте ништо во вашите десет и кусур години владеење на тема чист воздух. Напротив, направивте се да овозможите атмосфера која загадува. Денес ние го чистиме воздухот кој што вие го загадивте, му рече Забрчанец на Котевски.

Котески пак го праша колку време седел надвор и дали му било пријатно?

-Лажна вест е дека Скопје е позагадено Калкута?! Се гушиме, се гушиме. Не превземате ништо. Сите пари ги крадете, една реална инвестиција немате, ништо не сте реализирале. Излезете надвор да видите како се движат луѓето, нема човек без маска. Децата се гушат. Три години ништо не направите…, рече Котески.