Загадениот воздух стана закана и за туризмот

0
95

Аерозагадувањето, отпадот, слабата понуда во зимските центри. Странски гости во зимскиот период речиси и да нема. Само настаните со меѓународен карактер може да ги наполнат хотелите. Од туристичко- угостителскиот сектор се жалат на нелојалната конкуренција. Велат, нерегистрираните превозници ја земаат работата на туристичките агенции…

Понудата слаба, зимските центри не инвестираат, аерозагадувањето и отпадот рак рана, оние што еднаш ќе дојдат повторно не се враќаат во земјава. Од април до октомври туризам има, странски гости во групи шетаат низ Охридската чаршија и центарот на метрополата, преостанатите пет месеци, на мускули работат туристичките капацитети во земјава.

И секоја година на хартија испишаното се обновува, на терен со децении иста сторија за слаба реализација. Апелот за стратешка акција, подобра еколошка слика, здружување на чинителите во секторот се провлекува. Бизнисот бара долгорочна кампања од надлежните институции со реален ефект. Велат, туризам само со импресии од храна, а со полни контејнери и отпадоци наместо жардињери не се промовира.

Државата да ги стегне механизмите, да се активираат инспекциите, од осамостујувањето до сега нема алатка за сузбивање на нелојалната конкуренција. Туристички водичи и транспортери незаконски го земаат бизнисот на туристичките агенции- се жалат асоцијациите.

Надлежните од државава вниманието да го свртат и кон агецниите кои носат гости во земјава, да помогнат да се зголеми приливот.

На 12-ти и 13-ти декември во Скопје ќе се одржи Македонската туристичка берза која на едно место ќе ги собере агенциите, хотелите, превозниците, винарниците, институциите, размената на идеи и искуства за вмрежување на дојдовниот туризам- најавија од секторот.