Заев за „Њујорк тајмс“ за француското вето: Тоа ме уништи лично, психолошки

0
80

Светлината на Европа е нашата водилка. Сега кога тие светла згаснаа ние сме во темнина и кој знае каде може да тргнеме, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“.

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Прашан зошто се одлучил за така драматичен чекор, тој вели дека немал избор.

– Ако не организираме избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервју за „Њујорк тајмс“.