Заев: И Макрон жали што не добивме датум, се радуваат само Мицкоски и Груевски

0
82

Во ова време кога треба да носиме одлука како да продолжиме понатаму, сите земји, сите европски лидери, ама сите, вклучително и претседателот Макрон, жалат за историската грешка. Сите до еден, и верувам ќе ја исправат грешката час поскоро, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина „На прав пат“, што се одржа во салата „Парк“ во Струмица.

Тој нагласи дека само сегашниот и екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ се радуваат затоа што државата не доби датум за преговори со ЕУ.
-И додека прават тајни пактови и сценарија со трети страни, тврдат и веруваат дека Македонија ќе ја носеле на брза лента. Каде беше таа брза лента 11 години. Тие 11 години не беа пред сто години, беа пред 2,5 години 11-те години нивно владеење. Каде е или им беше расипана, или им беше на бавно ставена. Па на најбавно да им беше ставена за 11 години досега ќе бевме и членка на ЕУ и членка на НАТО, рече  Заев