Западен Балкан што побрзо во ЕУ за стабилна и мирна Европа

0
72

Единствената реална и разумна иднина за целиот регион е европската иднина затоа што тие се дел од Европа. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе размислат повторно за својата одлука за да ги отворат преговорите за членство и со Албанија и со  Македонија, но над се надевам и поскаувам денот кога овој цел регион ќе стане дел од ЕУ да дојде што поскоро.

Ова го порача еврокомесарот за внатрешни работи во заминување Димитрис Аврамопулос во Собранието на заедничката прес-конференција со министрите за внатрешни работи на Финска Марија Охисало и на  Макеоднија Оливер Спасовски по Министерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан.

– Јас сум тука на европска почва во регион кој што припаѓа на Европа историски, политички и културно. Единствената реална и разумна иднина за целиот регион е европската иднина затоа што тие се дел од Европа. До колегите во ЕУ кои се двоумат или кои се плашат околу овој процес ги предупредувам дека тие треба повеќе да се плашат од спротивниот исход, од тоа дека ќе ги отурнат нашите најблиски партнери. Во инетерс е на цела Европа овој историски чувствителен регион да стане во блиска иднина парадигма на соработка, мир, стабилност, напредок и развој. И ова треба да остане стратешки политички приоритет на ЕУ. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе преразмилсат за својката одлука за да ги отворат преговорите за членство и со Албанија и со Македонија. Меѓутоа над се надевам и поскаувам денот кога овој цел регион ќе стане дел од ЕУ да дојде што поскоро, порача еврокомесарот Аврамопулос.