Затвор Охрид, деца третирани со високи дози седативи

0
92

Основното јавно обвинителство ги следи последните случувања во затворот во Охрид, каде според Народниот правобранител децата од Воспитно поравниот дом од Тетово кои се сместени во оваа институција примале јака седативна терапија. Со оглед на возраста, дозата била многу силна, поради што повеќето од нив се жалеле дека чувствувале последици.

„Обвинителството ги следи објавите во медиумите и согласно своите законски надлежности ќе преземе дејствија за утврдување на евентуална одговорност“, велат од Основното јавно обвинителство.

А, по итната инспекција извршена во затворот во Охрид од страна на Управата за извршување на санкции, вчера и денес во инспекција биле и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.