За Бектеши, Таравари е експерт во сите области, Таравари: Ова е детска работа

0
79

Експерт од сите области“. Ваков епитет му даде денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Говорејќи околу ставањето во мирување на прогресивниот данок, Бектеши рече дека еден градоначалник е експерт од сите области, алудирајќи на Таравари и им предложи на новинарите да го повикаат него да говори на оваа тема.

-Уште нешто би сакал да додадам. Неколкумина градоначалници мислат дека ние не сме компетентни да зборуваме на вакви теми, дека немаме кредибилитет. Јас познавам еден голем експерт во нашава земја, кој е за сите области. Можете да го повикате него и подетално да ви објасни какви ефекти би имала оваа мерка. Станува збор за градоначалникот на Гостивар, кој е експерт од сите области во Република Северна Македонија-рече Бектеши