За младите по 3000 денари од Владата – Царовска: Доколку даде резултати, продолжуваме понатаму

0
80

Три илјади денари ќе добиваат 4 илјади млади луѓе на возраст до 23 години кои работат во производството. Додатокот за младите ќе се реализира преку Агенцијата за вработување. Младите само треба да достават барање во еден од центрите на Агенцијата за вработување и да остават нивна трансакциска сметка.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека во разговор со младите тие рекле дека не се заинтересирани да работат во производство и дека со оваа мерка ќе ги охрабруваат младите што порано да стапуваат во работен однос.

Извор тв 21