Зоран Заев е добитник на Меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

0
82

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во Народниот театар Сараево на 27 ноември, со почеток во 20 часот.

„Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешително зближување со Европската Унија и НАТО. Комитетот не може да знае како ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев следната година. Ова не беше можно и во однос на претходните лауреати кои ги заклучија наградите тогаш кога им беа доделени, но напорите, иницијативите и резултатите на Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски ценети“, е ставот на Комитетот.

Меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ е најзначајно независно граѓанско признание во БиХ, воспоставена во 2005 година со цел меѓународна промоција на Сараево и Босна и Херцеговина, нејзината култура и разновидна етнонационална структура.