Имаме поголем буџет за образование, но планиран е за плати! Скратени парите за наука, за високо образование, за студентски домови

0
78

Кога се во прашање инвестициите во образованието, предвидени се 821.558.000 денари, нешто повеќе од годинава (811.098.000), но повеќе од половината се планирани за изградба на училишни спортски сали во основни училишта (418.849.000 денари)

Помалку пари за високото образование, за наука, за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови, за ученички стандард, но повеќе за плати на вработените во образованието. Ова е заклучокот што се добива ако се спореди предлог-буџетот за Министерството за образование и наука за 2020 година со годинешниот буџет.
Вкупниот буџет за образование за следната година е проектиран на 26,7 милијарди денари (26.785.938.000) или за околу 11 милиони евра повеќе од годинашниот, кој изнесуваше околу 26 милијарди денари (26.096.948.000), но со ребалансот се намали на 25,2 милијарди денари.