Кабинетот на Заев останува без двајца советници

0
77

Се намалува бројот на советници во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Советничката за земјоделство Ленче Николовска и советникот за односи меѓу етничките заедници, Мерсел Биљали се повлекуваат од своите функции. Ангажманот на Николовска завршил на први ноември, а Биљали најавил повлекување за да спречи евентуален судир на интереси.

Заев објаснува дека оваа одлука следува откако Владата се соочи со низа критики поради бројот на советници. А, некои ги откажуваат советничките услуги бидејќи нашле подобри и поплатени позиции во приватниот сектор.

Од Владата објаснуваат дека советничката функција на Николовска завршила на први ноември на нејзино барање. Но, ги демантираат информации дека од Илинденска 2 си заминуваат 17 вработени.