Карпош доби нови зимзелени садници

0
79

Со оваа иницијатива дополнително се облагороди и раззелени просторот, кој практично претставува граница меѓу населбите Карпош 2 и Карпош 3.

Утринава, во неформален разговор со градоначалникот Стефан Богоев, членовите на „Lions“ разменија мислења и за другите активности кои Општината ги презема по повод заштита на животната средина. Во изминатиот период, локалната самоуправа засади ново зеленило и дрвја околу ТЦ „Лептокарија“ (Карпош 3), Тафталиџе 2, Нерези, Влае 2 и Криви Дол.

Исто така, во тек е набавка на две цистерни за миење на улици, со што значително ќе се подигне нивото на хигиена во населбите. Општината спроведува и информативна кампања за правилно одлагање на џебниот, комуналниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. (За подетални информации, посетете го следниов линк:  https://bit.ly/2svpcGD ), се наведува во соопштението од општина Карпош.