Кога ќе го продадеме имотот на ВМРО-ДПМНЕ, со тие пари ќе ги тргнеме галиите од Вардар!

0
73

Чистењето на коритото на Вардар е законска обврска на Град Скопје и за вакви активности не е потребна дозвола од никого. Вака искоментира градоначалникот Петре Шилегов по стопирањето од страна на Инспекторатот на активностите на чистење на песочниот остров во речното корито кај населбата Ќерамидница. Имено, по пријава на граѓани, Инспекторатот ја издал забраната повикувајќи се на член 142 од Законот за води со кој за вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите потребна е дозвола.

– За вакви активности не е потребна дозвола, туку само да се извести инспекторатот. Ќе бев многу посреќен истата инспекторка што шири дезинформации да го спречеше поставувањето на бродовите во коритото на Вардар. Тогаш беше нем сведок на лудилото што се случи во нашиот град. За да се постави брод во речното корито потребна е дозвола, а таа тогаш ја дала. Ако истата госпоѓа дала дозвола да става бродови, а сега прави проблем дека чистиме остров, јасно ви е за кого станува збор – рече Шилегов.