Кривична пријава за дилер од Гостивар

0
75

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 22.08.2019 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило „бмв“, кое било управувано од М.Т., при што пронашле и одзеле марихуана и мешавина од тутун и марихуана.