Кривична пријава против С.Б.(38) од с.Добридол, гостиварско

0
86

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицето С.Б.(38) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.10.2019, на регионалниот пат кој ги поврзува гостиварските села Форино и Чајле, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое бил пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле марихуана и пари.