Леброн му испрати специјална порака на Дончиќ по епската пресметка која ја имаа во НБА лигата

0
211

Далас и ЛА Лејкерс одиграа крајно интересен меч во НБА лигата во кој мораше да се игра и едно продолжение, но дефинитивно пресметката која ја гледавме во „Американ Ерлајн центарот“ мина во знакот на двете најголеми ѕвезди во двата тима.

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс имаа епски дуел во кој остварија неколку рекорди во НБА лигата, бидејќи остварија трипл-дабл учиноци кои уште долго ќе се паметат во најелитната кошаркарска лига во светот. „Кралот“ Џејмс го заврши мечот со 39 поени, 12 скокови и 16 асистенции, додека Лука на спротивната страна запиша 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции. Вонсериските бројки направија да испишат историја во НБА лигата, бидејќи ова беше прв меч на кој двајца кошаркари од спротивент тим стигнале до трипл-дабл со најмалку 15 асистенции. Леброн стана највозрасен кошаркар со трипл-дабл во кој има најмалку 30 поени и 15 асистенции, додека Дончиќ стана најмладиот со истиот учинок.