Македонија отворена за руските компании, влез и во Евроазиската Унија

0
80

Русија е подготвена да ги отвори вратите за македонската економија – нудат влез во Eвроазиската унија, која претставува пазар од околу 200 милиони потрошувачи.

На денешниот Руско-македонски бизнис форум, прв по пет години,  амбасадорот Баздникин, рече дека се отворени за соработка, доколку има итнерес и од Македонија.

„Отворени сме за дијалог во различни формати со сите заинтересирани играчи вклучувајќи ја се разбира и МК чии деловни кругови мислам дека прекрасно сфаќаат дека со влегувањето на рускиот пазар тие автоматски добиваат пристап до многу поголемиот пазар на евроазиската економска унија. Русија сама по себе претставува моќна економска држава и се развива.“

Подобрувањето на трговската размена со Русија, која во моментов учествува со скромни 1,1 процент во вкупната размена на земјава во првото полугодие, е можност за Македонија, но премиерoт Заев порачува дека на тоа не треба да се гледа како алтернатива на ЕУ.

Освен денешниот бизнис форум, утре во Охрид ќе има состанок и на Мешовитата меѓувладина комисија која се активира исто така по пауза од пет години. По тој повод, од Русија покрај дузината бизнисмени, пристигнаа и неколкумина високи фунционери во тамошната влада.