Македонскиот и бугарскиот текстилен Кластер денеска во Штип најавија дека соработката ја продолжуваат со реализација на четвртиот проект, кој е финансиран од европските фондови.
–ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ, ПОДДРЖАН ОД НАДЛЕЖНАТА ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА КОМИСИЈА, ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ТЕКСТИЛОТ, ПОГОЛЕМА АФИРМАЦИЈА НА БАЛКАНСКИОТ ТЕКСТИЛ И ЧЕСТА ПРИСУТНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР, КАКО И ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ ДА ЈА ОДБЕРАТ ОВАА ПРОФЕСИЈА КАКО НИВНА ИДНА ОСНОВА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ, РЕЧЕ НАТАША СИВЕВСКА, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕКСТИЛЕН КЛАСТЕР.