Макрон доаѓа во Скопје да објасни дека не нуди алтернативи за ЕУ

0
94
Претседателот Стево Пендаровски по средбата со францускиот колега Емануел Макрон во Париз информира дека веќе циркулира предлог за измени во методологијата на преговарачкиот процес кои треба да финишираат до март

Новата методологија во преговарачкиот процес со ЕУ која ја заговара франција треба да биде готова до март следната година, а веќе во мај на самитот на ЕУ во Загреб повторно да се отвори темата за почетокот на преговорите со Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски по средбата со шефот на француската држава Емануел Макрон, вели дека другите држави-членки на ЕУ веќе го добиле предлогот и треба да се изјаснат по него во следниот период.