МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ

0
89

Секој ден, 138 жени се убиени од член на своето семејство, 72 отсто од шверцот со луѓе во светот се жени и девојчиња, во светот има 650 илјади девојчиња кои се омажени под 18-тта година.

Ова се податоците што ги објавија Обединетите нации како еден од најсерозните предизвици со кои треба да се справи светот-насилството врз жените. „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето“ е темата со која оваа година се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилството на жените, портокаловата, е избрана како боја на надеж и посветла иднина на жртвите на насилството. Во текот на 16-тте дена активизам во светот, за темата насилство врз жените ќе се зборува гласно.

„Да не заборавиме дека родовите нееднаквости што ја поттикнуваат праксата на силување се всушност проблем на неурамнотежена распределба на моќта. Силувањето сè уште се користи како ужасно воено оружје. Сето тоа мора да се смени, веднаш.“ – вели Aнтониот Гутереш, генерален сСекретар на ОН.